Потребни состојки:
– 1 литар млеко
– 6 јајца
– 8 лажици шеќер
– 2 кесички ванилин шеќер
– неколку капки екстракт од ванила
– 1 лажица брашно
Подготовка:
Ставете го млекото да се вари со една лажица шеќер и ванила. Изматете цвсрт снег 6 белки и две лажици шеќер. Со лажица ставајте од кнедлите во зовриеното млеко. Варете ги во млекото по 15-тина секунди од двете страни, па извадете ги во голема чинија. Млекото тргнете го од оган. Изматете ги жолчките со 6 лажици шеќер и една лажица брашно. Ставете ја смесата во млекото нека проврие на оган. На крај прелијте ги шненоклите со овој прелив. За декорација употребете чоколаден прелив или прелив од карамела.