Моделот издава автобиографска книга во која зборува за нејзиниот контраверзен живот.
Проблематични врски, проблеми со килограмите и проблеми со наркотиците се само дел од негативите поврзани со Кејт Мос.
За голем дел од сето тоа зборува самата таа во нејзината книга наречена “The Kate Moss Book”.
Кејт раскажува за неврниот слом доживеан после култни фотографии за кампањата на Келвин Клајн со Марк Волберг каде позира гола на само 18 години.
„Воопшто не сакав да ги правам тие слики. Седмици потоа не бев при себе и не можев да станам од кревет.“
Супермоделот ја започнува кариерата на 14 години. „Тогаш бев толку мала и кревка, но никој не се интересираше за мојата психичка состојба. Од тебе се бара само да работиш. Сега гледам 16-ет годишни модели кои не би се соблекле, но во мое време, ако не прифатиш, нема да те повикаат повтрно,“ споделува таа.