ШоуБиз

Шокантно признание: Аркан ја малтретирал Цеца?

Горан Геровац, кумот и соработникот на Жељко Ражнатовиќ Аркан тврди дека Аркан ја малтертирал Цеца.

Новинарот Миомир Мариќ во 2010 година во својата емисија „Кирилица„  го поканил кумот на Аркан, при што тој кажал многу шокантни информации.

Ало, пренесува дел од ова интервју. Уште пред да излезе ова во јавност бил побаран продуцентот на Цеца, Александар Милиќ Мили, но до заклучување на бројот тој не се јавил.

Геровац: Таткото на Цеца… Слоба и Мира, тоа се нејзините татко и мајка… гледаш дека тоа е некаков крст… Слоба прво дојде и понуди да се плати на оној кој ќе успее да ја извлече од клубот во Берн каде беше.

Мариќ: таткото на Цеца дојде да го моли Аркан да ја извади Цеца од Сан Гален кај Самарџиќ  Хајрудин, со кој она беше таму. Кој ја извел таа акција? Знаеш ли нешто за тоа?

Геровац: Знам дека се одеше во три правци. Таа одеше преку Италија, една екипа одеше преку Германија и Австрија и дека еден беше уапсен и депортиран за Австрија под оптужба за меѓународен тероризам. Знам дека Аркан го зема во една прилика на преместување од затвор во затвор и го однесе во Србија.

Мариќ: Се зборуваше дека Аркан ја ишишал Цеца како соработник на непријателот на Србија.

Геровац: не како соработник на непријателот на Србија.

Мариќ: А дали Аркан ја ишиша Цеца?

Геровац: Не, он не ја ишиша, си имавме ние бербер.

Мариќ: Дали и она беше ишишана во Ердут?

Геровац: Да

Мариќ: А кој ја ишиша Цеца?

Геровац: Нашиот бербер.

Мариќ: По чиј налог?

Геровац: На Аркан.

Мариќ: Како се заљуби Аркан во Цеца?

Геровац: Кажи ми да ти кажам.

Мариќ: Дали се гледаше со Наталија (поранешната сопруга на Аркан) додека Аркан ја започна романсата со Цеца?

Геровац: Да.

Мариќ: Како она го поднесе тоа?

Геровац: Не можеше по неа ништо да се види. Ама баш ништо. Нејзиниот ладен лик.. настана откако го загуби братот борејќи се со Аркан… не можам да го заборавам тој лик кој го зигуби нормалниот поглед и здрав изглед.

Мариќ: Како Аркан од нбестрашен командант, херој стана Цецин следбеник.

Геровац: Ба не беше баш нејзин следбеник. Знаеше понекогаш кога ќе му прекипи да и пукне шамар, и тоа каков, и пред штабот, слаткарницата… Понекогаш се сеќаваше кој е.

Мариќ: Ние воглавно преку телевизија гледавме како он и ги носи фустаните, чевлите како обичен помошник.

Мариќ: Дали некогаш ти си носел фустани?

Геровац: Никогаш!

Мариќ: Дали беше на нивната свадба?

Геровац: Не.

Маровиќ: По кој критериум се бирани сватовите?

Геровац: Не се бирани, сватовите се нудеа. Јас бев на свадбата но не учествував.

Мариќ: Како се однесуваше Аркан со тебе по тоа?

Геровац: Исто. Само дојде до една доза на одмереност, дури и кога требаше да го крстам нивниот син, го прашував преку посредници.

 

 

Напиши коментар