Здраво тело

Шолја кафе – повеќе здравје… Да или Не ???

Иако е најраспространет напиток во светот, научниците и понатаму не можат да донесат конечна пресуда, кога е во прашање кафето и неговото влијание врз здравјето. Додека поединци тврдат дека кафето не може да биде штетно за здравјето, други препорачуваат, Вашиот омилен утрински напиток да го замените со чај…

Аргументи ЗА: Вистина е дека кофеинот го подигнува крвниот притисок и може да го поремети сонот, но за повеќето луѓе не е штетен, тврдат испитувањата, додавајќи дека при одредени здравствени случаи,  дури и се препорачува на пациентите. На пример, истражувањата покажуваат дека со секоја шолја кафе го намалувате ризикот од дијабетес за  25%, но се намалува и ризикот од други болести како цироза и рак на црниот дроб. Кофеинот има предности и за  психичкото здравје бидејќи го намалува ризикот од Паркинсова болест, а кај некои и од Алцхајмерова болест

Аргументи ПРОТИВ: Лекарите кои се противат кажуваат дека бидејќи не е утврдено кои состојки наводно го намалуваат ризикот од горенаведените болести, не може да се тврди дека кафето е извор на тие бенефиции. Тие тврдат дека кофеинот може да има бројни негативни ефекти и да ја влоши состојбата на болесниците од одредени болести како крвен притисок или дијабетес. Поединци дури тврдат дека кафето може да предизвика нервооза, напнатост  и зголемен стрес.

Напиши коментар