Состојки:
200гр свежи шампињони
4 јајца
1 чаша масло
50г кисели краставици
пипер по желба
200гр шунка
1 прашок за пециво
сол по вкус
200гр едам ( кашкавал)
2 чаши брашно
Пред да почнете да ја подготвувате питата, вклучете ја рерната на 200 степени
Подготовка:
Исчистете ги шамињоните и исечете ги на листови. Исечете ја шунката на коцкички. изрендајте го кашкавалот на крупно.
Ставете го брашното во поголем сад, додадете прашок за пециво и добро промешајте. Додадете ги јајцата и маслото и добро промешајте. Нема потреба да додавате било каква течност, јајцата и брашното се сосема доволни за да добиете компактна маса.
Посолете по вкус. Додадете жунка и шампињони. Додадете кисели краставици, рендан кашкавал па се добро измешајте
Измачкајте еден плех со масло па рамномерно распоредете ја смесата. Во претходно загреана рерна печете ја питата околу 30 минути.
