Брзо лесно и вкусно!!!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 јајца
1 шолја масло за јадење
50 грама кисели краставички
200 грама шунка
200 грама кашкавал
1 кесичка прашок за печиво
2 шолји брашно
200 грама свежи шампињони
Сол и бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Печурките, шунката, киселите краставички исечете ги на помали парчиња. Кашкавалот изрендајте го на крупно.
Ставете го брашното во поголем сад, додадете го прашокот за печиво, сол , бивер измешајте па додадете ги јајцата и маслото и смесете тесто.
Кога ќе добиете компактна маса додадете ги исечканите намирници и кашкавалот.
Плехот за печење намачкај те го со масло за јадење и распоредете го тестото.
Печете на загреана рерна на 200 степени целзиусови 30 минути.
Уживајте!!!