Уредувањето според медитерански стил ги опфаќа земјие како Шпанија, Италија и Грција. Често ваквиот стил на уредување се вика и шпански модерен стил.
Мебелот е едноставен и функционален, понекогаш и украсен. Ѕидовите се во разни бои и текстури. Топлината која ја внесува ваквиот стил на уредување е неминовна. Платно, дрво, украси, цвеќиња, бои, уметност е се она по што ќе го препознаете овој стил.