Шпанскиот дизајнер Рејмонд Бундо ја претстави својата колекција на венчаници за 2012 година, колекција која зрачи со елеганција и раскош на шпанската традиција.
Во самте венчаници може да ја препознаете жешката шпанска крв, раскошните здолништа за болеро и прекрасната шпанска чипка.
Венчаниците на Бундо се вистински склоп на традицијата и елеганцијата, па ќе им се допаднат на невестите кои се љубители на романтиката и латино културата.













