Motherhood

Шрек и Фиона: современ модел за семејство

Принцезата мечтае за прекрасен принц, но наместо тоа се вљубува во влакнесто и грубо чудовиште…речиси како во реалноста, објаснуваат психолозите.

Анимираните херои Шрек и Фиона се прототип на современото семејство. Таа е прекрасна и мила, а тој е див и без манири кој тешко ќе научи да носи чиста кошула. Но што се случува на крајот од приказната? Принцезата одбива да се врати во дворецот избирајќи живот во блатото со својот „принц“.

Овој филм е пример за тоа како сите сме различни но тоа не пречи за љубовта и пријателството да постојат.

Голем број парови се разделуваат поради глупавите принципи. Некој се разделуваат поради тоа што не можат да стигнат до консензуз за името на домашниот миленик. Секој ги има своите погледи и навики, секој го носи својот багаж и воспитување од родителите, но поапсурдно е да се откажете од се за ситници.

Треба да ја најдете границата помеѓу индивидуалноста и недостатокот на почит. Безумно е да трчате кај адвокат само затоа што партнерот не го исфрлил ѓубрето веќе три дена по ред, дека закаснува повторно повеќе од 15 минути или се однесувал глупаво пред вашите родители. Заборавете на ваквите ситници ако не сакате да се претворите во осамената принцеза од кулата.

Шрек е прекрасна историја која ќе ви помогне да го прифатите саканиот таков каков што е. Светот ќе стане поубав ако барем за миг секоја принцеза се претвори во жаба спремна да рипне во блатото за својот принц.

Се согласувате ли со ова?

Напиши коментар