Иако на Џастин Бибер му се припишуваат голем број на девојки, тој сепак, си е верен на Селена Гомез. Многумина за него и за ќерката на Мајкл Џескон имаат изјавено дека се одличен пар, но тоа не е причината зошто тие двајца се појавиле заедно на ист настан.
Се работи за церемонија во чест на Мајкл Џексон одржана во Холивуд. Децата на кралот на поп музиката ги оставиле своите отпечатоци во бетон, а веднаш потоа настапил и Џастин Бибер. Од причина што Бибер неколку пати има изјавено дека Мајкл бил неговиот идол, тој на драго срце го прифатил прелогот на неговата ќерка да настапи на церемонијата.
Освен децата на Мајкл, дел од церемонијата биле и неговите браќа и мајката Кетрин.