ШоуБиз

Што да и подарите на Анџелина Џоли???

Нивниот ден кога ќе го изречат судбоносното ‘да’ се ближи, па затоа познатиот актер одбрал подарок својата идна сопруга.

Бред Пит потрошил неверојатни 250.000 фунти за подарок на својата сакана Анџелина.

Станува збор за еден од најскапите часовници на светот, а ова е свадбен подарок. Бред купил луксузен ‘Patek Philippe Minute Repeater’- за кој листата на чекање е две години.

Моделот Patek Philippe е сличен на оној кој го добила Анџелина.

Часовникот е специјално порачан, делумно направен од злато, со бисер во средината на стрелките – и производство траело два месеци.

Да ве потсетиме, во потрага по совршена локација, Бред и Анџелина наводно се повеќе сигурни дека својата врска сакаат да ја официјализираат во Велика Британија, поточно во покраината Виндзор, а на официјалниот дел на венчавката ќе присуствуваат само нивните деца и членови на семејството. По венчавката планираат да заминат на островот во нивната вила Миравал на јужниот дел на Франција во Прованса, каде ќе организираат голема прослава.

Write A Comment