ШоуБиз

Што ги зближува Џеј Ло и Марк Ентони?

Што може повторно да ги зближи две од најголемите и напознатите светски ѕвезди Џенифер Лопез и Марк Ентони? – е прашањето на денот.

Марк Ентони вели: „Единствената работа што преостанува – талентот!“

Нивното заедничко шоу што премиерно се прикажа во саботата ги прикажа поранешните сопружници како бараат нови таленти на тлото на Латинска Америка.

Најталентираните пејачи, музичари и уметници се поканети во Лос Анџелес каде ќе имаат можност да се докажат пред судиите – Џенифер, Марк и Џејми Кинг.

–          Едноставно ни е судено да ни се зближуваат патиштата, но на различни нивоа. Нашата приказна е долга. Бракот беше само едно поглавје… а, децата друго. Се имаме еден со друг доживотно, – биле зборовите на Марк.

Напиши коментар