Art & Crafts

Што и колку не зрачи?

Зрачењето од позадина секогаш е присутно во нашата околина, а се емитува низ серија природни и вештачки  извори. Меѓу овие извори спаѓаат и храната и водата, кои ги внесуваме во телото, градежниот материјал како на пример мермерот, па дури и порцеланските заби. Меѓу овошките најозогласени во однос на зрачењето се бананите и бразилските ораси, но сепак треба да се има на ум дека ова е природна радијација, која нашето тело добро се носи со истото. Изложеноста на радијација и зрачење, зависи и од животните навики. По 12 часа изложеност во оштетената нуклеара Фукушима во Јапонија, човечкото тело е изложено на радијација од 900 милирема, кои  може да се споредат со некои други долгорочни изложувања:

  1. Осум месеци пушење цигари – доколку пушите по една кутија на ден тоа во годината се 7.627 цигари, кои не изложуваат на зрачење од 1300 милирема. Но сепак, пушачите треба повеќе да ги засегнува штетниот ефект од самите цигари.
  2. 450 ноќи проспиени со друга личност – без грижи, само една ноќ ни носи 2 милирема, со кое телото добро може да се справи.
  3. Четри и пол години живеење во обична куќа – за година дена во сопствена куќа изложени сме на зрачење од 200 милирема.
  4. Интерконтинентални летови –  со секој лет во авион се изложуваме на радијација од најмалку 2 милирема.
  5. Јадење банани – секоја банана посебно зрачи со 0,01 милирем по парче. Но тоа не значи дека постои опасност за човековиот организам. Бидејќи бананите се здрави пред се поради калиумот.
  6. Триесет години гледање ТВ – годишно пред малите екрани се озрачуваме со околу 30 милирема.
  7. Ренгентското зрачење – со едно ренгентско зрачење се изложуваме на радијација од најмалку четри милирема. Нема природен извор на ренгентските зраци.

Напиши коментар