ШоуБиз

Што ја разбеснува Синди Крафорд?

Синди Крафорд го искоментирала фактот што нејзината 10-годишна ќерка Каја веќе почнала да плови во манекенските води. Девојчето неодамна било дел од една кампања за Версаче, а Синди смета дека Каја е премлада за тој свет.

–          Сеуште е мала да гради кариера. Има само 10 години, па затоа воопшто не размислуваме во тој правец. Ако тоа е нејзиниот избор кога ќе наполни 17 години, која сум јас да ѝ кажам не? Ми рече дека ќе се занимава со манекенство бидејќи за таа професија не мора да знае да работи ама баш ништо, а дека кога ќе остари ќе биде медицинска сестра.

Синди се сеќава на првата насловна:

–          Кога се сликав за првата насловна страница, ми ја отстранија бемката од сликите. Кога некој ми ја чепка бемката, е тогаш се разбеснувам, – на смеа вели Крафорд.

Напиши коментар