ШоуБиз

Што ја разлутило Adriana Lima?

Светски познатата манекенка одлучила јасно и јавно да покаже што ја доведува до лудило. Adriana Lima неодамна објави дека очекува второ дете заедно со својот сопруг, кошаркарот Марко Јариќ. Сепак, наместо да се одмора и да ужива во бременоста, таа размислува и за други ситници кои ја вадат од такт.

Ја повредиле коментари кои се однесуваат на жените кои се бремени, па решила да се огласи на Твитер и остро искоментирала:

–          Да нарекувате една бремена жена со називи од типот на „тешка“ е вулгарно и несоодветно за идните мајки. Бременоста е света состојба за една жена и тоа мора да ѝ биде признаено и да ѝ се укаже почит. Не постои научник кој може да создаде живот. Жените можат и затоа се богињи, – бил ставот на Adriana во врска со бременоста.

Напиши коментар