Убавина

Што кажува градникот за жената

Во просек секоја жена има по 9 градници од кои половина не ги носи. Едно истражување кое го направи компанијата Sweatshop покажа дека дамите во своите фиоки имаат градници кои не ги носат во вредност од 156 милиони долари.

Секоја припадничка на понежниот пол има по неколку градници, некои се секси и провокативни, некои се слатки, некои се памучни и практични, а тука се и некои на кои не се сеќаваат, но не ги фрлаат.

Градниците се нешто слично како чевлите за жените.

Дали знаевте дека градникот кажува многу за една жена?

Меките, памучни градници кажуваат дека жената е едноставна, сака практичност, не се заморува премногу со физичкиот изглед. Кога станува збор за сексот таа е многу конзервативна. Не сака експерименти и смели пози.

Градници со многу потполнки и додатоци. Таа сака да изгледа убаво и привлечно. Спремна е на многу работи за да го привлече вниманието. Позитивна е и спремна за забва во секое време.

Чипкани, провокативни градници. Таа е вистинкса секс бомба. Сака да доминира. Горда е на она што го има и не и треба никаков додаток за да се чувствува посекси.

Напиши коментар