ШоуБиз

Што ли се крие под убавото лице? Алесандра ги разочарува своите фанови!

Организацијата за права и заштита на животните, ПЕТА ја обвини преубавата манекенка Алесандра Амбросио. Имено, таа овие денови е сликана на улица како го шета своето чученце кое е со офарбано крзно во виолетова и розова боја.

На ова ПЕТА бурно изреагирала: Мачињата и кучињата не сакаат безрезервно, без разлика на тоа како изгледаме, тогаш зашто ние би ги менувале нив? Освен тоа фарбањето на крзното на едно животно му претставува стрес, а може да биде и причина за голема алергија и низа други здравствени проблеми.

Напиши коментар