Здраво тело

Што може да научиме од кучињата?

Покрај тоа што од кучињата може да научиме многу за љубовта, поточно за искрената љубов, од нив може да научиме и нешто повеќе за тоа како да си го сочуваме здравјето.

Ова се лекциите кои вие ги добивате од вашето куче, а прашање е дали ги приметувате.

Да простувате и да не бидете злопамтило

Кучето може да го казните, да го игнорирате, да го занемарите, но тоа секогаш се тоа че ви го прости. Кучињата не се злопамтила. Тие живеат за сегашноста, секогаш одат напред и не се вртат кон минатото. Ако секогаш сте незадоволни, во лошо расположение… кога тогаш тоа ќе ви се одрази на здравјето.

Добра концентрација

Кога ќе му дадете задача на кучето, тоа се усмерува само на она што му го зборувате, не се врти на ништо друго. Тоа не се обидува во исто време да јаде, да се игра и за се мази. За разлика од нив, ние луѓето се обидуваме да завршиме еден куп обврски во исто време, а анучниците велат дека тоа предизвикува полоша мемеорија и концентрација со текот на годините.

Редовно спијат

Кога на кучето му се спие, легнува и паѓа во длабок сон. Колку и да се труди неговиот сопственик да го разигра или да го прошета, нема да успее да ја смени одлуката на кучето. Тие ја почитуваат потребата за сон. За разлика од нив современиот човек кога ќе осети дека му се спие, прави се за да остане буден. Ако е потребно и ќе пие енергетски пијалоци, кафе, само да остане буден и да заврши повеќе работа. Тоа е причина за опаднат имунитет, хроничен умор, па и срцев удар.

Истегнување

Веројатно сте приметиле дека кучето кога ќе стане од спиење, најпрво убаво се протегнува. А потоа продолжува со активностите. Истегнувањето е многу добро за мускулите и за циркулацијата. Фитнес тренерите ни препорачуваат да не веќбаме ако претходно не сме растегнати. Доколку подого време лежите или седите, а потоа веднаш го оптеретувате телото со движења и товар, тогаш доаѓа до болка во кичмата, грбот, нозете…

Радувајте се

Кога кучињата се среќни, тие мрдаат со опашот, покажуваат радост, скокаат… а сетете се вие кога последен пат сте покажале дека сте среќни. Смеењето од срце е лек за секоја болка. Затоа дозволете си да бидете среќни.

 

Напиши коментар