Motherhood

Што може тато да ја научи мама ???!!!

Кога станува збор за родителството, скоро сите се сложуваат дека мајките се неприкосновени. Ако некој ги знае сите тајни за раст и развиток на децата тоа се секако мајките. Тие знаат што е најдобро за нивните деца !!!

Магијата на родителството е во рацете на мајката. Мајката често дели совети особено на таткото, кој пак ќе се сложите не се баш најспретни во одгледувањето на децата.

Меѓутоа не е баш се им оди во прилог на мајките кога станува збор за одгледување на децата.

Мајките губат битка со ситниците !!! Затоа треба нешто да научат и од татковците…

Тато значи забава !!!

Додека мајките се фокусирани кон тоа што е најдобро за нивните деца, која емисија смеат да ја гледаат, која храна ќе ја јадат…татковците воглавно, кога станува збор за сегментот забава се поопуштени и бираат активности кои се забавни а во исто време и позитивни за психофизичкиот развој на децата. Играњето со топка, трчањето, склопувањето на играчки…се она што мајките тешко се нафаќаат да го направат.

Тато не се грижи за модните детали

Додека мама размислува дали сите бои се во склад и дали е се на своето место, тато воглавно се грижи за функционалната страна… на детето треба да му е топло и да има адекватна облека… Дали ќе се сложат бојата на чорапите со бојата на обувките ??? Не е така битна работа, зарем не ???

Тато полесно воспоставува правила и граници

Додека мама по никоја цена не сака да влезе во категоријата на таканаречени „злобни мајки“ тато воопшто и немаат проблем да кажат НЕ!!! Доколку не го завршиш тоа… нема ништо друго!!! – ова е реченицата која тато ја изговара без никакви размислувања. Може изгледа грубо, тато всушност прави правилна граница во односот родител-дете.

Тато често бара помош

Да бидеме искрени…многу мајки мислат дека се „супер“ мајки, дека ним не им е потребна ничија помош. Кај тато работите се поинакви. Доколку не се сигурни да направат нешто татковците едноставно ќе побараат помош од кого и да било, без комплекс и без разлика што ќе помисли другиот.

Тато не паничи кога ќе се повредам

Модрица, мала рана и мама инстиктивно дига паника!!! Тато во вакви ситуации реагира со „ладна“ глава и истовремено ги учат децата на незгода да не реагираат хистерично !!!

Тато не се оптеретува со совршенство

Без разлика за што станува збор, доење, заспивање… мама секогаш се грижи дали се е како што треба. Од друга страна тато обично е спремен без многу калкулации да се соочи со предизвикот не водејќи сметка за перфекционизмот.

Напиши коментар