ШоуБиз

Што открива еден од најпознатите папараци на светот?

Под палмите на Санта Моника, Џо Милер се крие вооружен со својот фотоапарат. Тој е еден од оние 300 папараци во Лос Анџелес кои ги следат светските ѕвезди и едвај чекаат нешто невообичаено да се случи.

–          Ова е студиото за јога во кое оди Жизел Бундшен. Риси Витерспун понекогаш доаѓа. Поради тоа, често одиме на тој паркинг да провериме дали таму е нејзиниот автомобил, – вели Џо.

Цели 30 години тој ги фотографира богатите и славните, а за тоа време има стекнато доверливи извори кои му се јавуваат кога некој од познатите ќе се појави во близина. Тој ги плаќа информациите по неколку стотини долари и „има очи насекаде“.

–          Тоа може да биде било кој. Таксист, келнер, продавач, турист. Минатиот пат го фатив Џад Лоу благодарение на едно австралиско семејство кое било сместено во истиот хотел со него. Ми кажаа дека Лоу е таму со поранешната жена. Тоа ми звучеше привлечно. Добив 20.000 долари за фотките.

Од 2009 година продажбата на списанијата кои пишуваат за шоу бизнисот се зголемила за 15 до 20 проценти на годишно ниво, а тоа е околу милијарда долари.

Џо вели дека има прилично вредна колекција слики кои ги има продавано за повеќе од 50.000 долари.

–          Парис Хилтон на пример. Ако ја видите со нов дечко, тоа е ексклузивна вест и може да се продаде за 15.000 долари. Таа никогаш не одбива и носи доста пари. Затоа Парис, те сакам и почитувам, – искрен е Џо.

Напиши коментар