Victoria Beckham признава дека не е некоја домаќинка и дека не знае да готви, но сепак, знае да направи нешто едноставно. Таа решила да се пофали на Твитер со чоколадните фигури од калап и декорираните мини тортички кои ги направила специјално со своите деца за католичкиот Велигден.
Велигден е празник на кој му се радуваат и децата и возрасните. Со четири мали деца, семејството Beckham се одлучило за чоколадни фигури инспирирани од теми поврзани со христијанскиот празник, а под сликите на Твитер Posh напишала:
– Одличен петок поминат во правење чоколадни фигурчиња. Среќен Велигден на сите модни зајачиња!
Погледнете што подготвила:




