ШоуБиз

Што прави Кеша со стилот?

Помеѓу бројните познати фаци кои се појавиле на новото Мајкл Џексон шоу „The Immortal“ овој викенд, била и пејачката Кеша.

Кеша, како и секогаш знае да изненади со своите екстремни комбинации на облека и шминка. Но, што се случило овој пат? Изгледа Кеша комплетно си ја заборавила шминката, освен црвениот кармин.

Папараците ја забележале како носи светликава комбинација, односно шарени хеланки, рок маичка и јакна и кадифено црвени чевли. Сигурно признавате и сами дека изборот на Кеша е несекојдневен. Но, дали одговара за еден ваков настан, особено во сабота навечер?

Напиши коментар