← НАЗАД НА БОЗА

Што пречи да сме среќни и здрави?

Што пречи да сме среќни и здрави?
1418 Читања

Чувствувате дека е време да смените нешто во својот живот? Сакате да се почувствувате вистински исполнети од она што го правите? За да го постигнете сето тоа, треба најпрво да поверувате, дека вашата лична среќа зависи само и единствено од вас самите. Еве неколку совети за тоа како да си го организирате животот за вистински да се вљубите во него.

Ако се фокусирате на оние работи што ги немате, Вселената ќе направи така за никогаш и да ги немате. Мислите имаат огромна сила и негативизмот влече со себе негативни последици. Бидете благодарни на она што го имате – здравје, мило семејство, добри пријатели, убава работа…

Не споредувајте го својот живот со тој на пријателите. Нема како да сте сигурни како би било  ако сте на местото на некој друг. Можеби тој се чувствува исто толку осамен, несигурен или несреќен како и вие. Ако некој изгледа посреќен, тогаш причината веројатно е дека сам избрал да биде среќен. Наместо да се сожалувате, посветете повеќе време за да си повторувате колку задоволни сте од себе.

Правете го она што ве прави среќни. Не е ли апсурден фактот, што посветуваме најмалку време, за да се занимаваме со оние работи кој најмногу ги сакаме? Што всушност ве прави да се чувствувате среќни? Откријте го ова и поставете ги тие дејности како приоритет. Сите останати досадни обврски можат и да почекаат.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk