ШоуБиз

Што работел Бред Пит во младоста? :)

Пред да стане планетарно популарен актер, Бред Пит имал прилично невообичаена работа. Тој ги возел стриптизерите на работа и потоа ја собирал облеката која тие ја соблекувале за време на настапите.

Актерот открива дека му било прилично забавно да гледа како настапуваат стриптизерите, додека девојките врескаат.

–          Бев задолжен и за пуштање музика. Потоа требаше да ја собирам облеката која ја соблекуваа стриптизерите, за да не им ја земат девојките. На крај требаше да ги соберам парите кои девојките им ги фрлаа и да останам жив. Не беше секогаш лесно, – изјавил Бред гостувајќи во едно телевизиско шоу.

Еднаш Бред возел една девојка која штотуку започнала со часови по глума кај Рој Лондон,  и на тој начин Пит се запознал со својот прв учител по глума.

Напиши коментар