Motherhood

Што се очекува од мажот, а што од жената во бракот?

Често се случува да слушнам дека жените се надеваат дека мажот ќе се промени во бракот. Сите тие негови ситни несовршености, ќе исчезнат со бракот и со самите обврски кои бракот ги наложува. И потоа доаѓа до големото “изненадување” кога тоа нема да се случи.

Мажите во бракот не се менуваат. Тие ги задржуваат истите свои особини, истите навики и истиот начин на живот, потполно исто како кога биле ергени. Нормално, после десетици години ќе дојде до некоја промена, но тоа нема да се случи заради бракот или заради вас. Тоа ќе се случи само затоа што него така му одговара.

За разлика пак од жените, мажите се надеваат дека жената во бракот нема да стане понапорна за разлика од периодот кога тие се забавувале, дека нема да си го промени физичкиот изглед на полошо, а жените во бракот често стануваат понапорни и често се запуштаат себеси.

Сепак треба да се знае дека погрешно е да се влезе во брак надевајќи се на некои големи промени кај партнерот. Немојте да мислите дека она што ви смета пред бракот нема да го има понатаму, токму тоа ќе биде причината за вашиот неуспешен брак.

Бракот е заедница која бара двајцата партнери постојано да се прилагодуваат според потребите на другиот, дефинитивно бара повеќе озбилност од забава, и ако и двајцата не се спремни за тоа подобро бракот да не се започне. 

Напиши коментар