ШоуБиз

Што се случува со стилот на Мараја Кери?

Мараја Кери повторно ја шокираше јавноста со својот стил на облекување. Фотографиите што денес ќе ги видите се направени во елитниот зимски центар Аспен каде таа престојуваше за време на празниците.

Очигледно нејзиниот стилист исто така бил на одмор за празниците, а доказ за тоа е стајлингот на Мараја. Според очевидците таа повеќе изгледала како завиткана во ќебе за пикник, отколку како ѕвезда од нејзиниот калибар. Освен фустанот ќебе, вториот минус е што Мараја облекла парчиња за неколку броја помали од својот конфекциски број.

 

Напиши коментар