Motherhood

Што се случува со Вашето тело откако ќе добиете бебе ???

Ако сакате бебе или некогаш сте за запрашале кои промени ќе ги претрпите по породувањето, тогаш пред Вас е одговорот на тоа прашање.

ГРАДИТЕ ОСТАНУВААТ ПОГОЛЕМИ – СО МОЖНОСТ ДА БОЛАТ ПОВЕЌЕ

Тоа е така поради млекото и додатната количина на крв кои е неопходен за создавање на млекото за Вашето најмило. Во случај да имате поголемо количество на млеко отколку што бебе може да консумира, тогаш непријатното чувство ќе Ви биде секојдневие кое ќе мора да го прифатите. Потребни се 2 недели не доење за да Вашето тело престане да создава млеко.

И ПОНАТАКА ЌЕ ИМАТЕ СТОМАЧЕ

Во неделите по породувањето, Вашата кожа и стомачните мускули се се уште развлечени. А матката е во величина на диња. Тоа ќе потрае до 6 месеци по породувањето, по тој период ќе забележите повторно тонирање на вашиот стомак. Но тука не треба да застанете, продлжете со правилната исхрана за да ја задржите ставата.

НЕМА ДА МОЖЕТЕ ДА ИМАТЕ СЕКС 6 НЕДЕЛИ

Докторите препорачуваат дека сексот со партнерот треба да се избегнува 6 месеци по породувањето. 6 недели се доволен период грлото на матката да се врати во првобитната состојба, и на тој начин се спречуваат инфекциите.

ГУБЕЊЕ НА КОСАТА

Повеќето случаи на губење на косата по породувањето се еден циклус кој не може да се прескокне. Затоа не паничете се ќе се врати во нормала за само 2 месеци.

АКО СЕ ОДЛУЧИТЕ ЗА „ЦАРСКИ РЕЗ“ ЌЕ ИМАТЕ БОЛКИ

Повеќето жени, во последно се одлучуваат да се породат со „царски рез“. Ако и Вие сте од оние кои мислат дека на тој начин полесно ќе се избегне болката од природното породување, грешите… „ С- секцијата“ е огромна и сериозна операција на абдоменот. Закрепнувањето од царски рез е слично на закрепнувањето од потешките инванзивни операции и ќе трае многу подолго, за разлика од вагиналното породување.

Напиши коментар