man fashion

Што се треба да има во машкиот плакар?!

Сите знаеме дека тешко можеме да ги следиме трендовите бидејќи и самите тие се менуваат секојдневно. Но, ако сте вешти ќе се осигурате вашите модни додатоци никогаш да не се аут од модата. Овие парчиња гардероба и модни додатоци се нешто што секој маж мора да ги има во својот плакар.

Кежуал облека

Бела маица – онаа со кратки и онаа со долги ракави. Белата маица е најважниот дел од кежуал облеката на мажот.

Фармерки – не постои маж кој нема во својот плакар фармерки. Од Левис, Дизел и разни други брендови тоа е оној дел од гардеробата кој никогаш не излегува од мода.

Спортска јакна – една добра спортска, препорачливо црна боја јакна е може да се комбинира на безброј начини.

Мокасинки – можеби за повеќето мажи ова не е добар избор, но верувајте ако сакате безвременски изглед и лежерност ова е идеалната обувка.

Наочари за сонце – не само што се корисни и не штитат од сончевите зраци, тие се составен дел од имиџот. Избегнувајте ги екстравагантните модели, овален облик со црна рамка е нешто што долго ќе го носите.

Формална, деловна гардероба

Костим – секој маж треба да има повеќе од еден костим во плакарот. Темните нијанси, како сива и црна се нешто кое со сигурност ќе ги носите на деловните состаноци.

Капут – идеален избор за зимата и елегантен стил за на работа. Повторно избегнувајте ги светлите нијанси, кафена, црна или сива е идеална боја за капут со едноставенкрој.

Рачен часовник – машките рачни часовници често се потценети, но тие силно го истакнуваат вашиот стил. Тие веќе не се инструмент кој го покажува времето, туку детал кој го покажува вашиот карактер.

Чадор – издвојте пари за добар и квалитетен црн чадор, верувајте ќе ви затреба, а совршено ќе го наподлни вашиот стил.

Црн кожен ремен – веројатно нема маж кој нема црн кожен ремен. Треба што помалку да се забележува, значи се што не е пренападно и кичасто доаѓа во предвид.

 

Напиши коментар