Актерката Линдзи Лохан моментално се наоѓа на условна слобода, и овој пат одлучила да биде добра за да не заврши повторно во затвор.
Линдзи за Нова година не направила никаков инцидент, а поддршка си нашла во тетовирањето. Таа обожава тетоважи на кои нешто пишува, па на својата лева дланка, покрај едно мало срце си истетовирала „Live without regrets“ или „Живеј без да се каеш“.
На актерката засега ѝ останува да ја сработи само општествено корисната работа и тогаш ќе заврши нејзината казна.
