ШоуБиз

Што ти е гајле колку сум се здебелил, кучко една! ;)

Светски познатиот готвач Jamie Oliver овој месец му се вратил на снимањто свои емисии во Австралија, а исто така започнал и со промоција на програмата за здрава исхрана „Ministry of Food“. За време на новинарската конференција, на која Jamie готвел нешто, една од присутните новинарки забележала дека готвачот малку се здебелил, па го запрашала колку килограми „фрлил“.

На ова прашање, Jamie прилично се налутил и ѝ одговорил:

–          Ти сигурно пишуваш за некој таблоид и ти благодарам што забележа дека сум се здебелил, кучко една!

Следниот ден готвачот изјавил дека „не бил баш при себе“ бидејќи испил малку повеќе од колку што требало на конференцијата.

–          Се најдовме со некои луѓе што одамна ги немам видено, па се напивме повеќе. А не го ни разбрав прашањето на новинарката баш најдобро, – била неговата одбрана.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=78FO6QKN6xE

Напиши коментар