ШоуБиз

Што вели Џејсон за 55-часовниот брак со Бритни :)

Еден просечен брак во САД трае осум години, а помеѓу рекордерите во кратки бракови се вбројува и Бритни Спирс која во брак во Џејсон Александер била само 55 саати. Парот се венчал за новата 2004 година во Лас Вегас.

Пред бракот, двајцата биле добри пријатели со придобивки, а Џејсон признава дека се гледале тајно и додека Бритни била во врска со Џастин Тимберлејк. Во Лас Вегас, Бритни му предложила да се венчаат и тој прифатил. Биле пијани, но не дотолку да не знаат што прават.

–          Се водев по срцето. Бев заљубен во неа, а мислам дека и таа ме сакаше, – изјавил Џејсон и додал дека кога нејзините блиски и менаџери дознале што направила, начисто полуделе бидејќи не бил направен никаков предбрачен договор.

Бракот бил веднаш поништен со образложение дека Бритни не била свесна за своите постапки, на што Џејсон искоментирал: „Тоа е чиста глупост!“ Колку и да ја сакал Бритни, тој морал да прифати и да ги потпише документите за развод.

Напиши коментар