Убавина

Што ви треба за убава кожа?!

Морските длабочини се извор  на убавината и здравјето, затоа не е ни чудно што женските суштества од бајките, како сирените например се претставени како вистински убавици. Ѕирнете во морето и ќе најдете неверојатен извор на убавина за вашата кожа.

Рибино масло – овој богат извор на есенцијални омега 3 масни кислеини на кожата и косата ќе и дадат сјај, правилно формирање на епидермалното ткиво, ја стимулира регенерацијата на сувата и иритирана кожа. Чест знак за недостаток на овие масни киселини е токму сувата кожа.

Сол – ако си дозволите купка со морска сол, набрзо ќе почувствувате како напнатоста го напушта вашето тело. Морската сол го стимулира организмот и помага во исфрлањето на штетните материи.

Морска вода – високата концентрација на магензиумови јони во оваа вода влијае добро на метаболичките процеси во телото. Помага во регенрација на кожата и ја прави поубава.

Алги – богати со витамини, аминокиселини, минерали, кои ги има и во кремите за кожа. Тие ја даваат соодветната влажност, ги лечат акните, зајакнуваат ткивата и се совршени за детоксикација.

Сунѓер – најубаво во вашата бања да имате природен сунѓер и да го менувате секој месец.

 

Напиши коментар