Motherhood

Што значи да се биде добар родител?

Правила за тоа како најдобро да го воспитувате детето нема. Секое дете е индивидуално. Но пред да почнете со процесот на воспитување, замислете се дали вие можеби имате потреба од воспитување? Јапонците велат:  Пред да се воспита детето, треба да се воспитаат родителите!

Еве неколку совети:

Не го понижувајте детето!

Не го заплашувајте! Со тоа садите страв и омраза во него.

Не барајте од децата да ви ветат нешто. Ветувањето ништо не значи за малото дете. Ветувањето, заканата, тоа се апстрактни поими кои ќе се употребат во иднина. Ако детето е чувствително ова ќе развие чувство на вина, но ако не е чувствително ова ќе го научи на цинизам.

Претераната грижа е штетна! Тоа го прави детето помалку вредно во неговите очи. Претераната грижа го тера да мисли дека тоа ништо не може да прави само.

Не барајте од детето моментални реакции! Најдобро е да го предупредите, например: После 10 минути ќе вечераме…, така тоа ќе знае дека има уште малку време да го заврши тоа што го прави.  Безусловното подчинување е карактеристично за марионетите, тоа не допринесува за формирање на независна личност.

Претераната толерантност е штетна! Детето веднаш чувствува дека сте слаби на него и не знаете да кажете не. Тоа им дава слобода да мислат дека се им е дозволено. Да, се им е дозволено, но само во семејството, а во обшеството го чека горчливо разочарување. Не му го правете ова!

Не зборувајте многу! Детето едноставно ќе престане да слуша уште во средината на вашиот монолог. Под влијание на огромни потоци од зборови и фрази детето едноставно ќе се исклучи. Бидете кратки и јасни!

Не го лишувајте детето од детство! Тивко, мирно, послушно, ги почитува возрасните и секогаш го прави она што се бара од него, никогаш не лаже…очигледно зборуваме за „млад“ возрасен. Психолозите велат дека ваквото дете не е среќно. Тоа има сериозни емоционални проблеми скриени зад маската  за пред светот. Воспитувајте го детето, но не заборавјте дека тоа е дете!

Write A Comment