ШоуБиз

Штрумфови навистина постојат :)

Едно семејство од Кентаки од почетокот на 19-тиот век добива потомци чија кожа е сина. Чудната појава е резултат на ретко пореметување кое го спречува кислородот да навлегува во крвта, а со оглед на тоа што членовите на ова семејство склопувале бракови меѓусебно, не е ни чудно што имаат „син ген“.

Корените на оваа невообичена појава датираат од 19-тиот век кога Martin Fugante се оженил со црвенокосата Elisabeth Smith. Нив им се родиле деца со сина кожа.

Ова пореметување се вика и метаемоглобинаемија и крвта е многу потемна од вообичаеното. Членовите на семејството наместо да руменеат, тие посинуваат. За среќа, овие луѓе немаат здравствени проблеми и земаат хемикалии кои им помагаат да добијат црвена крв. Но, хемикалиите делуваат само еден ден и мораат да се земаат секојдневно за да се избегне сината кожа и крв.

Напиши коментар