ШоуБиз

Сиена Милер го промовираше заобленото стомаче :)

Иако Сиена Милер одлучила да го премолчи фактот дека е бремена, повеќе не може да крие. Нејзиниот заоблен стомак ја откри нејзината тајна. Актерката, која го очекува првото дете од дечкото Том Стуриџ била забележана од фотографите во Њујорк, па повеќе не може да крие. Сега сè е јасно.

Се шпекулира дека Том неодамна ја побарал за жена, но на оваа церемонија Сиена не носела прстен на раката. Со сјаен дијамантски прстен била забележана пред неколку дена, на едно вечерно излегување.

Милер треба да се породи во јули. Со Том биле заедно нецела година кога останала бремена. Засега никој од актерскиот пар ги нема ни потврдено ни демантирано написите за свршувачката и за бременоста.

Напиши коментар