Нападните бои не се карактеристични само за летниот период. Есенските колекции на модните дизајнери оставаат простор за експериментирање со впечатливи бои.
Капути, фустани, наметки…ова се само некои парчиња кои ќе треба да ги бирате во смели, дури и ексцентрични тонови. Дозволата за совпаѓање е однапред дадена, правилата овој пат, не постојат. Вие, Вашиот стил и имагинација во потрага по модерното, одлучувате дека сте храбри и самоуверени…За наредниве месеци се препорачуваат изразени и силни бои.
Тоа не значи дека треба да облечете се што ќе најдете…Пронајдете го Вашето его во некое парче облека и хармонизирајте го со вешт избор на интензивни бои кои ќе бидат Ваша втора кожа.























