Судејќи по нејзиниот изглед на фотографијава, таа дефинитивно има волшебно стапче.
Синди Крафорд за прв пат во модниот свет влезе пред 30 години, и сега на 46 годишна возраст изгледа речиси исто како и пред многу години.
Таа се појавува на насловната страна на септемвриското издание на магазинот Tatler, и тоа не заради некој скандал туку само заради нејзината убавина и совршено тело.

Еднаш се обидов да се пензионирам, но не ми успеа, јас ја обожавам оваа работа, изјавила Синди.
Нејзиното совршено тело се должи на трчање по децата, напорно вежбање и многу секс. Сексот е клучната работа. Со него можеш да си го одржуваш телото во одлична линија – стои во нејзината изјава.
Таа освен како модел успешно владее и со неколку компании кои се во нејзина сопственост, а работат со уредување, козметика… а нејзиниот сопруг пак е сопственик на неколку ноќни клубови.
