ШоуБиз

Синот на Хефнер уапсен… ја претепал девојка му!

Марстон Хефнер, синот на сопственикот на „Плејбој“ империјата е уапсен откако ја претепал својата девојка Клер Синклер (20), која во 2011 година е проглесена за зајачица на годината.

Синот на прочуениот Хју Хефнер физички ја нападнал девојката со која е заедно од септември, 2010 година. Тој ја нападнал Клер удирајќи ја по стомакот и целото тело, а подоцна не ја пуштил да си замине од куќата во Пасадена каде што се одиграла целата драма.

Клер потоа им се јавила на своите родители, кои веднаш повикале полиција. Марстон веднаш бил уапсен, а во извештајот пишува дека Клер имала прилично многу модринки и гребаници.

Марстон тврдел дека не ја ни пипнал девојката, а следното утро бил ослободен со 20 илјади долари кауција. Засега никој не коментирал за инцидентот, а не се знае ни точната причина за истиот.

Напиши коментар