ШоуБиз

Синот на Jolie танцува по улици :)

8-годишниот син на Angelina Jolie, Pax е фатен како танцува по улиците на Францускиот кварт во Њу Орлеанс, Лујзијана во придружба на својата позната мајка и сестрите Zahara (7) и Vivienne (3).

Четворицата излегле со цел да си купат нешто, а додека женските мирно си оделе накај продавницата, малиот Pax цело време си играл и изведувал некои чудни танци. Jolie била облечена сосема обично, во црно се знае, како и секогаш. Тоа, се разбира, само дополнително ја потенцира нејзината претерано слаба фигура.

Останатие три деца не биле со нив, но малку подоцна во текот на денот, целото семејство е забележано како се качува на приватниот џет и го напушта Њу Орлеанс.

Инаку, сите биле присутни на настанот во организација на Brad Pitt, а целта била да се соберат пари за неговата фондација „Make It Right“.

Напиши коментар