Што ќе ни се напредните курсеви по странски јазици?
Во светот ги има 7000, а многу од нас, не го ни знаат значењето на зборот кој на секој од нив, означува исто – сиромаштија.
Да го протолкуваме иронично…
Тоа не значи расплакано лице на родител кој не сака да го гледа неговото дете како „страда“ заклучено во соба, мечтаејќи по луксузен мобилен телефон… Тоа значи целосно непозната димензија, за многумина кои не се задоволни од својот автомобил…
А што всушност значи …???
Немам доволно храна ???!!!
Често јадам по еден или ниеден оброк на ден. Понекогаш сум присилен да избирам помеѓу помалото зло, да избирам помеѓу мојата глад и гладот на моето дете, а понекогаш го немам ни тој избор.
Сиромаштија е глад.
Сиромаштија е немање засолниште.
Сиромаштија е да си болен и да не можеш да отидеш на доктор.
Сиромаштија е да немаш пристап до училиште и да не знаеш да читаш.
Сиромаштија е да немаш работа, страв за иднината, живот од ден за ден.
Сиромаштија е да изгубиш дете заради болест што ја донела нечиста вода…
А што се парите наспроти среќата ???!!!
Со парите можеш …
… да купиш куќа, но не и удобност;
… да купиш кревет, но не и сон;
… да купиш часовник, но не и време;
… да купиш книга, но не и знаење;
… да купиш функција, но не и почит;
… да купиш доктор, но не и здравје;
… да купиш душа, но не и живот;
Милијарда расплакани родители уште толку дечиња без иднина!!!
Дали сите збориме за морал и семејство? „Експерти“ во секоја област а всушност забораваме каде е почетокот. Почетокот е длабоко во нас, во љубовта која треба да ја дадеме и да ја добиеме, во разбирањето на туѓите проблеми во човекољубието, во страдањата…
Да подадеме рака, расплаканите деца нека бидат минато, зашто нивната иднина е и нашата идната, нивните среќни насмевки не прават побогати за малку среќа, нивниот жагор значи мир и спокојство, значи многу многу повеќе…
