Здраво тело

Сите факти за вишокот килограми

Генетиката е важна

Кога научниците прво го откриле кај глувците, едноставно го нарекле ген за дебеелење. Години подоцна, кога го проучувале човечкиот ген за да ја најдат причината за чувствителност на дијабетес тип 2, генот за дебелеење се појавил и тука. Се смета дека луѓето со две копии од овој ген имаат 40% поголеми шанси да развијат дијабетес и 60% поголеми шанси да бидат дебели. Тоа ја прави разликата зошто некои луѓе слабеат полесно, а некои потешко. 16% од популацијата има две копии од генот.

Стресот го стимулира дебелеењето

Стресните ситуации ја поттикнуваат потребата за храна богата со јаглени хидрати и масти, бидејќи таквата ги смирува хормоните на стресот. Истите помагаат и за таложење на масни наслаги. Денешните стресни ситуации не стимулираат активност, па така килограмите се накачуваат.

Спијте повеќе за да ослабете повеќе

Колку повеќе спиете, толку повеќе имате чувство на исполнетост и спонтано ќе губите од тежината. Група истражувачи докажале дека недостатокот од сон ја пореметува рамнотежата на хормоните, намалувајќи го нивото на лептин, кој помага да се чувствувате сити, а го зголемува нивото на грелин, хормон кој поттикнува глад. Како резултат на тоа, мислиме дека сме погладни отколу што навистина сме и се “фрламе“ на храна. Сонот може да биде најевтиниот и најлесниот начин за борба против дебелината.

Антиоксидансите помагаат во намалување на килограмите

Слободните радикали се одговорни не само за забрзано стареење, туку и за дебелеење. Не можеме да ги исфрлиме бидејќи ги внесуваме со храната. Најдобар начин за нивно избегнување е да се избегнува брза храна и консумирање на храна богата со антиоксиданси како што е овошјето и зеленчукот.

Може да бидете дебели и здрави

Многу научни литератури велат дека големината не е толку важна за здравјето. Една студија која испитувала 5440 Американци, открила дека 51% од нив има вишок килограми, а речиси 32% од дебелите личности имале нормален холестерол, шеќер во крвта, крвен притисок и останати индикатори на добро здравје. Американското министерство за здравство потврдило дека 30 минути умерена физичка активност, пет дена во неделата, се доволни за да го одржите здравјето. Не мора да сте зависник од теретана, бидејќи обичната прошетка е еднакво ефикасна.

Напиши коментар