Последниот дел од серијалот за детето волшебник „Хари Потер и реликвиите на смртта 2“ освои награди за најдобар филм, најдобар акционен филм, најдобра екипа и најдобра адаптација на книга на 38-то доделување на „People Choice Awards“.
Џони Деп е прогласен за најдобар актер, Ема Стоун за најдобра актерка и за најдобра актерка во комедија, додека пак, наградата за најдобар актер во акционен филм за понесе Хју Џекман.
Најдобра драма е филмот „Вода за слонови“, најдобра комедија е „Деверуши“, Адам Сендлер е најдобар комичар, а Рајан Рејнолдс е супер херојот.
Кога станува збор за музика, за најдобар светски изведувач е прогласен Бруно Марс, а омилена изведувачка е Кети Пери, која освои уште четири награди и тоа за: најдобра песна (Е.Т.), најдобар спот (Last Friday Night), турнеја на годината и најдобра гостинка на телевизиска серија во „How I Met your Mother“.
Албумот на годината го снимила Лејди Гага, а хип хоп изведувач на годината е Еминем. Ријана е најдобар RnB изведувач, а Тејлор Свифт омилена кантри пејачка.

