Убавина

Сите лица на боб фризурата

Боб фризурата има неколку облици и може да ја носите во секоја боја, одберете во зависност од вашиот облик на лицето и тенот.

Остар боб

 

Прави шишки и рамен рез покрај брадата се карактеристиките на оваа фризура. Оваа фризура е одлична за жените со густа коса и округло лице. Ако имате виткана коса избегнете ја оваа фризура бидејќи може дополнително да ја “заобли” вашата глава.

Природен боб

Овој боб има поголема должина и фантастично прилега на оние со права коса. Џенифер Анистон е една од оние девојки кои одлично ја носат оваа фризура.

Мек боб

Иако основната форма на оваа боб фризура е остар боб, сепак косата е благо навиткана и острите линии не се познаваат. Оваа фризура одлично изгледа на оние жени кои имаат долгнавесто лице.

Боб на блондинките

Строгиот боб во комбинација со плава коса дава сериозен изглед. Избегнете ги драматичните густи шишки и потрудете се косата да ви биде сјајна. Резултатот е одлична фризура.

Напиши коментар