ШоуБиз

Сите пикантерии на Карла Бруни – тука…

Новата книга на Кристофер Андерсон раскажува за сите пикантерии и љубови на убавата италијанка Карла Бруни.

Во книгата пишува дека Џегер прв пат ја видел Карла кога таа имала 23 години, во времето кога работела како модел. Во тоа време таа му била девојка на Ерик Клептон.

“Знаев дека ќе му се допадне на Џегер, изјавил Клептон, и го замолив да не и се приближува затоа што јас бев навистина вљубен во неа.

Но, набрзо романсата помеѓу нив започнала, иако она била и во некаква врска со бизнисменот Доналд Трамп.

Иако таа била кратко во врска со Мик Џегер, сепак се решила да го напушти и побарала од Трамп да ја напушти неговата тогашна вереница Марла Мејпс.

Трамп изјавил дека набрзо потоа таа постојано го барала, му се јавувала и станала жена која е тешко да се поднесе.

После се таа пак му се вратила на Мик Џегер иако тој станал по втор пат татко. Тие се криеле во една вила на Тајланд, додека неговата жена со бебето била во Англија.

Неговата жена се сомневала, и постојано го барала, но нормално Џегер се одрекувал. На крајот неговата сопруга нашла порака во која Карла му изјавила дека ќе биде негова вечна љубовница.

Напиши коментар