Здраво тело

Сите предности на кромидот

И да не сте некој љубител на кромидот по ова ќе станете. Еве ги предностите на овој зеленчук:

Кромидот ја прочистува крвта, ја подобрува работата на срцето и циркулацијата во целото тело.

Свежиот кромид го намалува нивото на холестерол и нé штити од срцев удар.

Кромидот го забрзува метаболизмот.

Ни дава енергија кога сме уморни и под стрес.

Со кромид може да направите вистинска дезинфекција, во Втората светска војна го користеле како средство за дезинфекција на големите рани.

Кромидот ја намалува температурата, бидејќи го зголемува потењето.

Кромидот може да ја спречи болката во грлото, прави дезинфекција на бактериите кои се “населиле” во грлото и усната шуплина.

Кромидот може да ви помогне при убод од пчела или оса. Истријте го местото со парче кромид и отокот и болката ќе исчезнат.

Ако ве мачи мигрена или главоболка силно вдишете неколкупати парче кромид.

Сокот од кромид може да ја намали болката при изгореници, забоболката и болката во увото.

 

Напиши коментар