Здраво тело

Сите предности на спанаќот

Сите ние знаеме колку е здрав спанаќот, но не знае секој од нас за што сé е корисна оваа намирница:

Спанаќот е богат со витамини. Во него има голема количина на витамините А, К, Д, Е и низа на минерали.

Неодамнешното истражување докажа дека спанаќот содржи голема количина на омега 3 – масни киселини.

Спанаќот е одличен во борба против рак на простата. Тој содржи низа на флавоноиди, анти-канцерогени состојки кои одлично се справуваат со клетките на ракот на простата.

Добар е за очи. Каретеноидите кои ги содржи спанаќот се одлични за спречување на секакви болести на очите.

Ги зајакнува коските. Една шолја свеж спанаќ содржи два пати повеќе од дневната потребна количина од витаминот К. Овој витамин во комбинација со калциум и магнезиум е неопходен за цврсти коски.

Ако патите од висок крвен притисок лекарите советуваат да јадете спанаќ, тој одлично го регулира.

Поубава кожа. Големата количина на витамин А, која ја има во спанаќот е одлична за убава и здрава кожа. Овој витамин е неопходен за спречување на појавата на брчки.

Спанаќот е добар за мозокот и нервниот систем. Големата количина на витаминот К смирува и ве опушта, а освен тоа е добар за правилна функција на мозокот.

Напиши коментар