Здраво тело

Сите предности на вкусните праски

Меките и сочни праски за поголемиот дел од луѓето се совршено летно освежување. Праските покрај тоа што се вкусни, ни пружаат голем број на хранливи состојки, а при тоа внесуваме мал број на калории.

Ја контролираат тежината

Една голема праска содржи 68 калории и нема масти. Наместо грицки, на пример чипс, колачи или некои други нездрави јадења пробајте да се заситите со една праска. Може да ги јадете сами или во комбинација со житарици.

Витамини

Праската содржи 10 различни витамини. Таа има голема количина на витамини А, Ц и антиоксиданси. Исто така содржи и витамини Е и К, но во не толку многу голема количина. Тие исто така се извор на тиамин, рибофлавин, витамин Б6, ниацин, фолна киселина…

Минерали

Големите праски може да ви “дадат” 333 мг калиум. Тој пак е задолжен за одржување на здраво ниво на крвниот притисок како и за спречување на камен во бубрегот. Дневната потребна количина на овој минерал е 2000 мг. Праските исто така содржат и магнезиум, фосфор, цинк, железо и калциум.

Антиоксиданси

Едно истражување покажа дека најголемиот дел од антиоксидансите се наоѓа во лушпата на праската, затоа пред да ги јадете убаво измијте ги и не ги лупете.

Влакна

Големата праска дава 17 гр јаглехидрати, од кои 3 гр се влакна. Тие се важни за системот за варење. Доколку имате спор метаболизам, бирајте храна која е богата со влакна, а праската е една од нив.

Напиши коментар