Ногата на Angelina Jolie сеуште прави пустош на интернет, а сега во целата приказна се вклучиле и докторите кои тврдат дека би било далеку подобро ако актерката малку повеќе јаде.
Сѐ почесто кружат муабетите дека Jolie е на работ на анорексија, а свое мислење дале и неколку експерти за тоа.
Еден американски лекар изјавил:
– Таа изгледа воопшто не јаде и тоа е факт. Сите можат да го видат тоа. Не треба да ја гледаме како идеална жена, иако таа е навистина преубава жена.
Неодамна во едно списание пишуваше дека режисерката дневно внесува само по 600 калории, што е далеку од доволно. Тоа се калории што ги има во две чинии житарки со млеко.
Засега таа одбива да разговара на оваа тема, а исто и нејзиниот сопруг.
