Sweet Home

Скапоцениот стил на минатите епохи

Ако сакате да го видите другото лице на Франција, тогаш ви препорачуваме да го посетите неверојатниот замок Château de Chantilly – шепот на стара приказна, мала скапоцена кутија од која навираат спомени, слики и звуци од минатото…

Замокот се наоѓа во гратчето Шантили и е изграден околу 1560 година. Пред 1900 година било речиси невозможно да се добие пристап до ова волшебно место, каде само „сината крв“ била дободојдена. Во продолжение од векови некои од највидните семејства во историјата на Франција го користеле Шантили како своја резиденција и секој од нив оставил свој печат.

Дворецот ја поседува една од најбогатите колекции после Лувр, како и огромна библиотека. Тоа се 1000 платна, 2500 цртежи, 30 000 книги од кои 1500 рачно пишувани многу стари книги.

 

Напиши коментар