На околу 10 километри од брегот на округот Кери, во западниот дел на Ирска, постојат два мали каменести острови, што ѕиркаат од Атланскиот океан. Поголемиот од двата, е дом на невообичаениот манастир, стар повеќе од 1400 години и достапен за само неколку луѓе годишно.
Мистериозноста, се појавува во моментот кога ќе стапнете на островите. Нивната мала површина и стрмни патеки го поставуваат прашањето: Кој, кога и како живеел овде ?
Се верува дека манастирот е основан во 6 век и дека монашкиот живот во него, опстојувал повеќе од 600 години. Причината поради која бил напуштен, сеуште е непозната, но сигурно останува едно: дека покрај сите влијанија и временски неприлики, манастирот успеал да задржи дел од својата автентичност. При посетата на ова место, ќе наидете на гробници и монолитни крстови, а ќе успеете да ги забележите и темелите на црквата од 13 век.
Бидејќи ова место, своевремено било едно од најбогатите места во Ирска, па дури и во Европа, претрпело неколку кражби, за кои има и докази. Безбедноста на монасите е една од причините за кои се верува дека се клучни за тие да го напуштат манастирот.
Опстанокот на ова место, сигурно ќе продолжи. Изолацијата е можеби и главната причина за тоа да остане така. Дали ќе биде откриена мистеријата околу монасите останува прашање… но сигурно е дека станува збор за свето место кое ја исполнува душата на секој верник !